Вчера, во просториите на НУ Универзитетска библиотека

„Св. Климент Охридски“ – Битола, со особена гордост и радост се одржа свеченото назначување на Амбасадорите на читањето – „Читај и препорачaj“.

Овој настан беше посветен на учениците кои со љубов читаат, размислуваат и инспирираат – ученици кои стануваат гласници на книгата и вистински пријатели на библиотеката.

Со инспиративно обраќање, настанот го отвори директорката

м-р Емилија Стефановска Давкова,

а иницијативата беше реализирана во координација на

м-р Фатма Бајрам Аземовска, советник библиотекар и

м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски, виш библиотекар.

Амбасадори на читањето – генерација 2025/2026 се:

ОУ „Кирил и Методиј“ – Битола:

Марија Гагалевска, Ана Спасовска, Сара Трајковски, Викторија Марковска, Ајлин Алију, Јана Блажевска

ОУ „Стив Наумов“ – Битола:

Антониа Димовска, Ивана Крстевска, Илина Шоѕевска, Ивана Илијевска, Михаела Мицеска, Анастасија Петковска, Матеја Јанакиевска, Дарија Димитров, Мартина Пречовска, Софија Христовска

ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола:

Бојана Калешковска, Филип Бојџиев, Симона Кузмановска, Теодор Ивановски

ОУ „Даме Груев“ – Битола:

Илина Нешковска, Марија Крстевска, Сара Руфат, Сара Кикирковска

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола:

Јована Кирјаковска, Мануела Спасевска, Теона Василевска, Антонија Саботковска

СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола:

Леона Аземовска, Анастасија Јовковска, Марија Котеска, Антонија Саботковска

ООУ „Трифун Пановски“ – Битола:

Ѓорѓи Станиновски

Со ова назначување, учениците официјално станаа Амбасадори на читањето, со мисија да ја шират љубовта кон книгата, да препорачуваат, мотивираат и инспирираат.

Благодарност до сите ученици, наставници и училишта за довербата и поддршката.

Искрена благодарност до Издавачки центар ТРИ и BOOK’S HOUSE книжара за донацијата на книги, со која уште еднаш ја поддржаа љубовта кон читањето и младите читатели.

Библиотеката продолжува да биде дом на читањето и младинската инспирација.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook