НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола како дел од своите програми, насочени кон заедницата Ве повикува да се придружите на Кампањата – Да читаме на глас организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ, нагласувајќи ја важноста на гласно читање во развојот на навиките и вештините за читање кај децата.

По тој повод денеска на ден 01.02.2024 реализиравме активност во ООУ „Стив Наумов” – Битола со учениците од петто одделение со цел да се потенција важноста од читање на глас на книги, сликовници, песни, романи и било каква литература.

Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини и има многу позитивни страни:

  • Читањето ја развива детската љубопитност,фантазија и креативност
  • Читањето го проширува фондот на зборови кај детето
  • Читањето ја зголемува блискоста помеѓу родителот и детето
  • Читањето помага во емотивно-социјалниот развој кај детето
  • Читањето им овозможува на децата да се запознаат со литературниот јазик.

Драги читатели, ученици, родители практикувајте 15 минути да им читате гласно на децата и најдете време да ги сослушате децата да Ви читаат вас гласно. Само така се учи течно да се чита и секој може текстот да го доживее низ милозвучноста на гласното читање.

Со оваа прва активност, ја најавуваме кампањата на библиотеката за читањето на глас.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook