Во рамки на издавачката дејност на УКЛО на Светскиот ден на учителите, 5 октомври, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, промивирано е изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„
Проректорот, проф. д-р Виолета Маневска, во својство на промотор, истакна дека издавачката дејност на УКЛО етаблирана низ изданијата Билтен на Универзитетот, е- весникот Универзитетски глас и научното списание Хоризонти, меѓу другото вклучува и поттикнување преводи на учебници и учебни помагала, како што е изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„ од авторите Герхард Нојнер и Ханс Хунфелд што претставува прв превод во Република Македонија, по претходно добиено авторско право за издавање на преводот, извршен од: д-р Валентина Илиева, м-р Симона Монавчева и Кристина Илиева.
Професорот од Педагошкиот факултет, д-р Даниела Андоновска Трајковска потсети на значењето на методиката како важна научна дисциплина и ја истакна поддршката на УКЛО за научната и стручна мисла на Универзитетот.
Настанот беше повод присутните пошироко да се запознаат со издавачката дејност на УКЛО, во време на електронско споделување на информации од различна природа, вклучувајќи ги и научно – истражувачките резултати во сферата на издаваштвото, за што УКЛО има креирано сопствен дигитален репозиториум ePrint.uklo што овозможува поголема промоција на Универзитетот и зголемена видливост на УКЛО пред домашната и меѓународна јавност.
Изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„ своја промоција и афирмација имаше и пред пошироката академска јавност во Република Македонија. Имено, на покана од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип д-р Валентина Илева, еден од авторите на преводот, одржа презентација на изданието. За интересот за овој единстен од ваков вид прирачник во државата, во наставата по германски јазик, потврда е присуството на студентите, професори по германски јазик и академскиот кадар, за што нашите читатели поопширни информации може да видат на: http://ff.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/14-metodi-na-nastava-po-stranski-jazik
Промоцијата на изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„ на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржа во духот на меѓусебната соработка меѓу двата универзитети.