Во просториите на НУ Универзитетска библиотека – Битола, вчера по повод 12 август – Меѓународниот ден на младите, се одржа работилница на тема: „Самодисциплината како клуч за успех“.

Работилницата беше наменета за млади лица и се реализира под менторство на Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ. Преку интерактивни активности и дискусија, учесниците имаа можност да се запознаат со техники и алатки за подобрување на самодисциплината, поставување цели и градење позитивни навики. Настанот поттикна мотивација и личен развој, охрабрувајќи ги младите активно да работат на своите вештини за успешно справување со животните предизвици.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook