„СВЕТОТ ВО СТРАНИЦИ“ – првпат со наш штанд на Саем на книга после една деценија! Од 29.7.2025 до 1.8.2025 година.
НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод 80-годишнината од своето основање, за првпат се претстави со сопствен штанд за продажба на книги, во рамки на проект добиен од #БитФест2025!
Враќаме дух на стара традиција – некаде пред една деценија бевме организатори на Саемот на книга. Сега, повторно сме тука – со нова енергија и визија!
Благодарност до Градоначалникот Тони Коњановски и Општина Битола за поддршката.
Што понудивме?

  • Сопствени изданија
  • Македонска и светска книжевност
  • Историски книги со аудио-визуелни CD
  • Наслови достапни и на англиски jaзик за странци

Посетители?
Огромен интерес и позитивни реакции!
Настанот го отворија директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова и Градоначалникот на Општина Битола.
Музичка изведба на битолски песни со легендата Сефедин Бајрамов
Маскотата „И Спајдермен чита“ внесе радост кај децата!
Благодарност и до издавачките куќи: „Бата прес“, „Антолог“, „Прозарт медиа“, „Топер“, „Матица македонска“ и „Збор“ кои што се учесници на овај саем.
Почнуваме нова традиција – уште повеќе книги, промоции и настани, со силна посветеност на македонската култура и јазик!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook