Во периодот од 4 до 6 октомври во Скопје се одржа Регионален собир на ЕПАЛЕ амбасадори и колеги од ЕПАЛЕ Националните центри на 6 држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. На настанот присуствуваа библиотекарките докторанд Фатма Бајрам Аземовска која беше и една од панелистите и м-р Гордана Ѓоргиевска -Неделковски кои неколку години се дел од ЕПАЛЕ тимот и со своите текстови придонесуваа за афирмирање на работата на библиотеката како дел од образовниот систем за возрасни.
Трите работни дена беа дефинирани тематските фокуси во ЕПАЛЕ.
Тоа се ВКЛУЧУВАЊЕ – беше посветен на меѓусебно запознавање. ЗАЈAКНУВАЊЕ – во кој се разговараше за вештините на ЕПАЛЕ амбасадорите, а беа дефинирани и примери на добри практики во работата со целни групи возрасни кои тешко се вклучуваат во образовни иницијативи.
И за крај беа разгорени плодни дискусии и презентации на многу конкретни алатки за работа со возрасните.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook