НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола започна со реализирање на проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост – добри практики“ кој трета година по ред е одобрен од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Оваа година проектот го започнуваме во соработка со лицата од ЦПЛИП „Порака“ од Битола. Првата работилница ја посветуваме на нашиот роден крај Битола и запознавање со неговите уникатни историски градби: Старата битолска чаршија со сите нејзини стари занаети, Безистенот, Саат кулата, Исак џамија и Јени џамија, црквата Св. Димитрија и една од најубавите улици во Битола Широк сокак.
Работилницата „Разгледница од Битола“ имаше за цел да го поттикнеме читањето кај овие лица на интересен и забавен начин преку посета на знаменитостите.
Денот го искористивме да научиме од каде доаѓа името на нашиот град Битола, за еснаф занаетите кои и денес ја красат старата битолска чаршија. За затворениот пазар или Безистенот кој крие голем број на тајни за некогашната трговија. За градењето на џамиите и црквите во нашиот град. И за приказните кои и денес ги нижи Широк сокак.
Координатори на проектот:
М-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски
Ирена Колевска
Вера Марковска
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook