Хортикултурните библиотеки се нов тренд во библиотечното работење, поддржан од Интернационалната федерација на библиотеки ИФЛА (International Federation of Library Association) и составен дел на Агенда 2030 на Обединетите нации, која промовира програми за развој на т.н. паметни градови посветени на еколошки содржини. Инаку, хортикултурата има долга традиција уште од времето на Персија. А хортикултурните библиотеки се специјализирани за зачувување и собирање литература и материјали за растенијата. Нивна цел е книгите од областа на ботаниката и екологијата да ги направат достапни за оние што истражуваат на овие теми, научници и обични граѓани кои сакаат да читаат и да користат стручни совети. Се работи за исклучително креативни библиотечни програми кои вклучуваат дигитален хербариум и вклучување на образовните институции во реализација на библиотечните програми.
На покана од библиотекар советник и основач на хортикултурните библиотеки во регионот Мирко С. Марковиќ, библиотеката од Битола во рамките на реализација на проект „ Хортикултурни библиотеки – развојна мрежа на хортикултурни библиотеки во РСМ“ кој е подржан од Министерството за култура на РСМ, ги покани сите библиотеки од државата на заедничко делување – формирање на хортикултурна мрежа на библиотеки од РСМ. Мирко С. Марковиќ одржа краток семинар за можности и нови иновативни методи за развој на хортикултурните библиотеки.
Директорката од библиотека „Димитрије Туцовиќ“ од Лазаревац посочи на примери на добрата практика од нивната библиотека, а на средбата се дадени примери од библиотеките кои веќе работат на хортикултурни содржини како што се градските библиотеки од Радовиш, Скопје и Пехчево.
Средбата на библиотекари беше искористена и за размена на нови идеи и решенија во врска со примена на нови библиотечни програми.
Координатор на проектот
Јелена Петровска – Програмски раководител
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook