На ден 14.11.2024 година НУУБ„ Св. Климент Охридски“ – Битола, со свој претставник зеде учество на работилницата со панел дискусија на тема ,,Преку културното наследство до развој на туризмот”. Оваа работилница беше во организација на Министерството за европски прашања во соработка со Министерството за култура и туризам. Настанот е дел од активностите кои се реализираат во рамки на проектот ,,Поддршка од ЕУ за споделување на Стратегијата ЕУ за Јадранско-Јонскиот регион за Северна Македонија”, финансиран од страна на Европската унија чија главна цел е промоција на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-Јонскиот регион и членството на нашата земја во истата.
Во две панел сесии беа отворени многу прашања од делот на културата и туризмот и нивно поврзување, а беа презентирани и можности за користење на фондови од Креативна Европа, кои имаа за цел развој на културата и туризмот, преку практични примери од панелистите.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook