Денеска во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола се одржа креативна и инспиративна работилница со учениците од прва година на тема „Слем поезија“, во соработка со професорката по македонски јазик Лидија Анастасовска.

Работилницата „Мојот глас, мојата приказна – Слем поезија“ беше наменета за ученици на возраст од 14–15 години и имаше за цел:

– да ги охрабри младите слободно да се изразуваат,

– да зборуваат за теми што им се важни,

– да развијат самодоверба, јавно говорење и креативност.

Преку интерактивен вовед, дискусија за тоа што е поезија и запознавање со формата на слем поезијата, учениците добија можност да ја доживеат поезијата како живо, искрено и лично изразување.

Учениците пишуваа свои кратки слем-песни на теми како: училиште, притисок, пријателство, стравови, социјални мрежи и лични соништа, при што покажаа голема креативност, искреност и храброст да го споделат својот внатрешен свет.

Упатуваме искрена благодарност до професорката Лидија Анастасовска за одличната соработка, како и до директорката Билјана Јанкуловска за поддршката и отвореноста кон вакви современи и креативни образовни активности.

СОЕУ „Јане Сандански“

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook