На ден 11.2.2026 година во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола се реализираше втората креативна и инспиративна работилница со учениците од прва година на тема „Слем поезија“.
Работилницата се одржа во соработка со писателот Михајло Свидерски и професорката по македонски јазик Лидија Анастасовска, кои со својата енергија, знаење и поддршка создадоа безбеден простор за слободен израз.
Учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ уште еднаш покажаа дека зад бројките и формулите се кријат моќни гласови и искрени приказни. Училницата се претвори во сцена каде зборот, ритамот и емоцијата беа во прв план, а слем поезијата стана средство за лична исповед и храбро изразување.
Сведочевме на извонреден творечки потенцијал – од енергични настапи до длабоки, лични исповеди. Овие млади луѓе докажаа дека имаат храброст да застанат пред другите, да го кренат гласот и да ја кажат својата вистина.
Упатуваме искрена благодарност и до директорката Билјана Јанкуловска за поддршката и отвореноста кон вакви современи и креативни образовни активности.
Горди сме на нивната креативност, автентичност и самодоверба.
Ова е само почеток на едно возбудливо поетско патување.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook