Во рамките на програмските активности на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, на 29 октомври 2025 година се одржа работилница за креативно пишување.

Работилницата ја водеше Магдалена Сајкова, наставник по македонски јазик и голем поддржувач на детското творештво. Преку практични вежби и интерактивен пристап, учениците од неколку основни училишта во Битола имаа можност да научат:

Kако да изградат ликови и приказна, како да развијат своја идеја и стил, и како да ги совладаат „творечките блокади“ и слободно да се изразат преку пишаниот збор.

Во заклучоците на работилницата, младите автори ја истакнаа потребата од повеќе вакви настани, кои ја поттикнуваат креативноста, љубопитноста и самодовербата на учениците.

Библиотеката продолжува да биде простор каде младите таленти можат да растат, да сонуваат и да создаваат!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook