Првата работилница од Еразмус + проектот „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ја реализира во соработка со ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во работилница учество зедоа ученици од седмо одделение, кои од библиотекарите преку практични вежби и интеракција разговараа за видовите на булинг и сајбер булинг, кои се учесници во овие девијантни дејствија, како и зошто настануваат и како можат истите да се спречат.
Сајбер булингот иако се одвива во виртуелниот свет, тој за разлика од булингот се шири со огромна брзина и свесно или несвесно децата се вклучуваат во него. Затоа за време на работилницата се зборуваше за содржините кои ги постираме на социјалните мрежи, за коментарите кои постираме и секако споделувањето на фотографии со навредливи содржини.
Се надеваме дека преку овие вежби и разговори допревме до свеста на децата и помогнавме да ги насочиме кон разумно размислување и делување.
Голема благодарност до директорот на ова основно училиште Предраг Созовски, одделенски раководител и предметен наставник по историја Александар Јаневски и педагогот Анета Николовска кои ја препознаа важноста од овие работилници и се вклучија заедно да направиме промени.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook