Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, како дел од програмските активности организирана e дополнителната обука поврзана со користење на сите содржини и податоци предвидени со COBISS3/позајмица, од страна на лиценцираниот предавач од COBISS Центар на Р.С.Македонија од Скопје, Елизабета Трпческа Петрушевска.

Новите содржини ќе бидат наменети за подобрување на услугата кон корисниците со користење на апликацијата Моја библиотека и нови апликации за мобилни уреди, што им овозможуваат на нашите корисници организација на сопствен профил, преглед и резервации на библиотечната граѓа како и други дополнителни услуги. Развојот на COBISS апликации се однесува и на можноста за подобро следење на статистичките податоци за сите категории на читатели со цел за соодветна организација на популаризација на читањето во нашиот град.

Сектор Информации, заштита, репрографија, книжен фонд и услуги.

3.3.2023, Битола

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook