Градска библиотека и читаоница Винковци, после целосно уништување во деведесеттите години, изникна како феникс од пепел во нова зграда на истото место и со своите просторни решенија и најсовремената опрема стана централно место за дружење во градот, кој има не повеќе од 35000 жители.

Библиотеката е отворена во јули месец 2023 год. располага со над 4 илјади метри квадратни простор и делува под мотото „Твојот нов дом“. Таа веднаш стана дневена соба на градот за сите граѓани и место каде што се креира иднина на младите.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook