Денес во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се организира настан по повод патрониот празник на библиотеката.

На настанот се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола кој на присутните гости им го честита патрониот празникот. Настанот беше пропратен со изведби на учениците од Државното музичко училиште и со говорот „ На Климент“ во изведба на проф. Николина Поповска.

Библиотекарот Маријан Колевски го промовираше 55 број на библиотечното списание „Библиотечен тренд“, а библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски го промовираше Зборникот на 17. Роднокрајна средба на битолските писатели.

На овој настан директорот да им ги врачи благодарниците на учесниците и фотографот кои помогнаа во реализација на проектот „Другото лице на книгата“. А беа доделени и Ваучери за едногодишна бесплатна членарина на студентите од Факултетот за Информатичка и комуникациска технологија кои беа присутни на настанот заедно со претседателката на студентите Софи Гајтанова.

Нека ние честит патрониот празник! За многу години читатели!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook