Со гордост и возбуда ја одбележавме 80-годишнината од основањето на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола! Овој значаен јубилеј беше сведоштво за осум децении посветеност на културата, знаењето и љубовта кон книгата.

На свечената програма, присутните имаа можност да го слушнат инспиративното обраќање на м-р Емилија Стефановска Давкова, директорка на Библиотеката. Настанот беше збогатен со прекрасно подготвено видео од учениците на Средното економско училиште „Јане Сандански“ – Битола, под менторство на професорката Христина Захариевска, што уште еднаш ја потврди успешната соработка меѓу библиотеката и образовните институции.

Во знак на благодарност за нивниот труд, беа доделени признанија на учениците, професорката Христина Захариевска и директорката Билјана Јанкуловска.

Честитки за добитниците на признанието „Читател на годината 2024“!

Со особена чест ги објавивме имињата на најпосветените читатели во различни категории:

Предучилишна категорија: Емил Стојаноски, Димитра Ѓеоргиева, Тамара Додовска

Основно образование: Никола Ицоски, Огнен Никодиноски, Марија Јоновска

Средно образование: Теодора Шопеска, Јована Јанева, Мартина Мојсовска

Возрасни читатели: Жанета Тошеска, Емилија Дурлова, Марија Видановиќ

Пензионери: Розитка Тодоровска, Славица Митковска, Мирјана Давкова

Со ова признание ја изразуваме нашата благодарност за нивната љубов кон книгата и континуираната поддршка на библиотеката!

Честитки и за добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2024 година“!

Награда за животно дело: Петре Димовски

Поезија: Зоран Пејковски

Проза: Елизабета Јончиќ

Перото на библиотекарството: Илче Стојановски.

Награди за најдобри библиотечни приказни

Во рамки на проектот „Библиотеката во фокус: филмови, приказни и искуства од заедницата“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, нашите читатели ги споделија своите библиотечни приказни преку социјалните мрежи. Најуспешните приказни беа наградени, а добитници се:

• Софија Ѓакова

• Николче Вишиноски

• Ема Христова

• Иво Котевски

• Белинда Сипкоска Гаштарова

• Марина Димковска Ангелевска

Ова признание е симбол на нашата почит кон нивното творештво, кое го збогатува културниот мозаик на заедницата.

Посебна благодарност упатуваме и кон поранешните вработени, чиј труд остави траен печат во развојот на библиотеката.

Со овој настан, уште еднаш потврдуваме дека Библиотеката останува место каде што книгите живеат, каде што се создаваат приказни и каде што љубовта кон читањето ги обединува генерациите. Ви благодариме што сте дел од нашето патување!

Нека книгата продолжи да биде ваша инспирација, водилка и верен пријател!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook