На 12.12.2022 год. во 12 и 12 часот во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола пред хетерогена публика составена од универзитетски професори и научни работници, наставници од основното и средното образование, студенти и други гости, беше промовирана книгата „Критичка писменост“ од д-р Даниела Андоновска-Трајковска, редовен професор на Педагошкиот факултет – Битола. Настанот го водеше проф. д-р Билјана Граматковски, а промотори беа проф. д-р Деан Илиев и проф. д-р Биљана Цветкова Димов. За книгата зборуваа и Димитра Десановска и Ирина Јанковска, студентки на студиската програма Македонски јазик и книжевност на Педагошкиот факултет – Битола како корисници на учебникот.

„Критичка писменост“ од проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска е универзитетски учебник наменет за високошколска настава по предметот Критичка писменост, односно по предмети чиј фокус на проучување е критичката педагогија, писменоста во современи контексти, методичка интрепретација на текст и настава по книжевност. Учебникот содржи четири дела со следниве наслови: Писменост, Текст, Критичка писменост и Методичко моделирање на критичката писменост.

Повеќе фотографии од промоцијата на следниот линк: NUUB Facebook