Чест е да се биде дел од промоцијата на необјавени дела од легендарниот Васил Иљоски.

Промоцијата се одржа на 8.11.2025 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, пред прекрасна публика која со внимание го следеше секој збор.

Настанот беше посветен на книгата „По трагите на македонскиот непребол“, која содржи необјавена драма „Смрт за живот“ и необјавена поезија од Иљоски.

Приредувач беше Валентин Тасески, а промотор м-р Марија Трифуновска Тасеска.

Рецензенти на делото се:

  • Билјана Котевска Димко
  • Никола В. Ристевски

Свое обраќање имаше и м-р Емилија Стефановска Давкова, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, која ја истакна важноста од негување на литературното наследство и од ставен акцент врз делата што дури сега ја добиваат својата вистинска светлина.

Учениците од СОУГ „Јосип Броз Тито“ – Битола под менторство на професорката Николина Ѓуровска изведоа делови од драмата и поетски фрагменти, носејќи ја сценската емоција која ретко кого остави рамнодушен.

Особено емотивен беше говорот на внукот на Иљоски – проф. Јован Налбанти, кој ни пренесе дел од човечноста, достоинството и духовната големина што го краселе овој наш великан.

Настан кој потсетува дека вистинската литература е безвременска – таа нè допира денес, ќе нè допира и утре.

С О У Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook