Светскиот ден на книгата НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола го започна со низа активности, посветувајќи десет дена. Овие активности ги започнуваме со промоцијата на автобиографската книга „Пресек” на авторката Маја Трајковиќ.
Маја Трајковиќ е професор по француски и италијански јазик и книжевност, библиотекар, м-р по менаџмент во образование, рецензент за учебници по француски јазик, авторка на книгите „Мрачен и светол дом” и романот за деца „Златна душа”. Добитничка е на наградите „Библиотекар на годината – Павлина Цунева-Маказлиева за 2021 година” од здружението „Средби под јаворите” – Видое Подгорец и Признание за најдобар просветен работник во учебната 2021/22 година од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука.
Авторката пред присутните гости зборуваше за силината на човечкото битие во најтешките времиња, опишувајќи ги чувствата и напливот на емоции да ја напиши оваа книга во момент кога се бори со еден од најтешките непријатели во денешницата а тоа е канцерот.
За книгата зборуваше и издавачот Илија Мерковски, кој како издавач ја препознава важноста од едно вакво четиво да се најде на полиците помеѓу другите книги. Во текот на промоцијата се водеше пријатна интерактивна дискусија, во која авторката одговори на сите поставени прашања од љубопитните читатели.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook