НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Здружението на дијабетичари од општина Битола денес ја промовираа книгата „Слатки горчини“.
Оваа книга претставува уникатна збирка на лични приказни,искуства и совети од индивидуи кои се соочуваат со предизвиците на дијабетесот.
Слатки горчини е многу повеќе од книга со раскази.
Таа е сведоштво за храброста, истрајноста и решителноста на оние кои живеат со оваа состојба.
Преку нивните искрени и инспиративни раскази имаме можност да ги разбереме
различните аспекти на животот со дијабетес, од тешки периоди на борба и прилагодување до моменти на радост и успех.
Овој прирачник е создаден со цел да помогне на луѓето со дијабетес да најдат утеха и подршка во споделените искуства, но и да ги едуцираат оние кои можеби не се запознати со оваа состојба.
Секој расказ носи важна поука за менаџирањето на дијабетесот, за здравиот начин на живот и за важноста на подршката на заедницата.
Особено сме горди што книгата е резултат на трудот и посветеноста на 22 лица кои несебично ги споделија своите приказни. Нивната отвореност и искреност се вистинскиот извор на инспирација и мотивација за сите нас. И за нас како уредници но и за иницијаторот, претседателката на Здружението на дијабетичари од општина Битола, Душанка Атанасовска.
Голема благодарност до Ротари Клуб Битола Широк Сокак, Печатницата Графо Пром и до сите кои овозможија овој проект да стане реалност.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook