Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола пред битолските љубители на пишаниот збор беше промовирана книгата „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски.

Промотор на романот „Папокот на светлината“ беше писателката Винка Саздова од издавачката куќа „Три“ чие издание е романот. Романот неодамна се закити со наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување за 2022 година.

Промоцијата беше во стилот на разговор со писателот, каде писателот наведен од промоторот ги откри клучните размислување кои сака да ги долови кај читателите на неговото дело.

„Човек е единственото суштество кој може да се стреми кон совршенството“ изјави писателот Венко Андоновски. Во оваа книга се зборува за надеж која не води низ духовното и телесното битие.

Промоцијата заврши со многу емоции и дружба со писателот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook