Во духот на Велигденските празници во НУУБ„ Св. Климент Охридски“ – Битола, се реализираа три работилници заедно со учениците од Англискиот едукативен центар „Розета Стоун” под менторство на професорката Дијана Монтеро и првачињата од класот на одделенискиот наставник Наташа Тодоровска при ООУ„ Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.
Децата имаа можност да учествуваат во најразлични креативни работилници на македонски и англиски јазик кои беа наменети за секоја возраст. Разиграни, насмеани, со многу дружење низ просториите на библиотеката царуваше празничната еуфорија, која вработените во Центарот „Розета Стоун“ им ја приредија на присутните ученици.
Работилниците ги посети и директорката на Библиотеката, м-р Емилија Стефановска-Давкова, која им ги честита велигденските празници и ги покани на уште многу вакви заеднички другарувања.
Библиотеката е место каде што се учи, но и каде се другарува и забавува на најкреативни начини.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook