Месец ноември го започнуваме со една прекрасна работилница со учениците од трето одделение од ООУ „Ѓорги Сугарев“ – Битола кои ни дојдоа во посета со својата наставничка Сунчица Бендевска. Учениците имаа можност прво да ја разгледаат нашата библиотека и да научат повеќе за библиотеките и нивната функција.

После прошетката низ библиотеката, учениците има можност да слушнат прекрасен текст од сликовница „Бурсунсул и Паскулина“ која ни зборува за пријателството на две кучиња.

Од оваа сликовница научивме дека без разлика колку сме различни, најсреќни сме кога се дружиме и си играме.

Детската игра нема граници и не познава разлики, затоа за крај сите дечиња ни го нацртаа своето најверно другарче.

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link