На наше големо задоволство, по повод претстојниот празник на Сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, НУУБ„Св. Климент Охридски“- Битола Ви ги соопштува добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2023 година“.

Тричлената комисија составена од:

  • м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски – претседател, координатор на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“
  • Илче Стојановски – член,
  • Светлана Папачек- член,

по разгледаните кандидатури, едногласно одлучи оваа година да додели награди во четири категории:

  • „Награда за животно дело на Роднокраен автор од Битола“ ја добива авторот Добре Тодоровски
  • „Роднокраен автор за 2023 година“ во категорија поезија ја добива поетесата Весна Мундишевска- Велјановска
  • „Роднокраен автор за 2023 година“ во категорија проза ја добива Петре Димовски
  • „Роднокраен автор за 2023 година“ во категоријата драма ја добива Зоран Пејковски

Им честитаме на добитниците!

Facebook post