На Вториот дел од стручната средба беа споделени примери на повеќе библиотеки од областа на хортикултурата, Скопје, Пехчево ,Охрид, Кочани, Струмица и многу други кои зборуваа за различни содржини и програми како што се работилници со најмладите (расадување на семиња и одгледување на билки), натпревар во најубави орхидеи и дворови, дигитален хербариум и уште многу други содржини.
По примерот на своите колеги од регионалната мрежа на Хортикултурни библиотеки, библиотекарите од Битола, јавните и училишните библиотеки споделуваат искуства од креирање на иновативни и креативни библиотечни програми поврзани со подигање на свеста за користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, уредување животната средина и менување на заедницата спрема пораките на УНЕСКО Агенда 2030 и целите за одржлив развој. На средбата беа презентирани најновите трендови од библиотечното работење, работа со проекти и можни извори на финансирања, дисеминација на проектите, дигитални решенија на библиотечни содржини, работа и комуникација со корисниците и уште многу други теми кои произлегуваат од секојдневието на библиотекарите.