Во рамки на Месецот на книгата ја реализиравме едукативната работилница „Приказни што градат другарство“, заедно со учениците од трето одделение од ООУ „Елпида Карамнади“ – Битола под менторство на наставничката Венка Рајкоска во соработка со Одделот за популаризација на книгата од нашата библиотека.

Оваа интерактивна работилница ја започнавме со кратка прошетка преку фотографии од нашата библиотеката и промоција на детскиот фонд на книги. Потоа игравме прекрасна игра каде усно пренесовме кратка приказна и ги увидовме можностите на извртување на приказните кога се пренесуваат усно.

За да на крај преку заедничко читање на сликовницата „Слонот Кире“, децата се запознаа со вредностите на другарството, помагањето и меѓусебната поддршка. Преку разговор учениците открија дека пријателството се гради со добрина, внимание и отворено срце.

Работилницата ја завршивме со прекрасна стихотворба посветена на книгата која ни ја изрецитираа дел од учениците.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook