Од приказните учиме за другарството.
Приказните се најмоќното средство преку кое децата учат што е добро, а што лошо. На уникатен начин допираме до нив со силни пораки за пријателството, прифаќањето на различностите и значењето на заедништвото. Преку драматизација и уживање, приказните стануваат мост кон еден подобар свет.
Во рамките на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time… and now“, вчера со децата од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, организиравме незаборавен настан. Тие имаа можност да слушнат три инспиративни приказни од книгата „Сјајни ѕвезди – раскажани од Роми“, кои ја отсликуваат богатата ромска културна традиција и се пренесени од Роми од различни делови на Европа.
Овој проект е поддржан од програмата Еразмус+ на Европската Унија и обединува партнерски организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција. Заедно сме посветени на зачувувањето и промоцијата на културното наследство, создавајќи збирка приказни што инспирира и збогатува.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook