Живееме во современи услови кога општеството ни нуди многу начини и извори на учење. Библиотеката е тесно поврзана со театарот и филмот како уметности кои на еден или друг начин произлегуваат од неа, поточно од книгите во неа.

Без книгата не би постоел ниту театарот, ниту филмот. И двета уметности влијаат на воспитанието и образованието на индивидуата. Преку книгата и театарот се развива емпатијата, одговорноста и социјализацијата кај секој поединец, а истовремено се збогатува речникот и се фокусира вниманието, а личноста станува дел од современиот свет. Имајќи предвид дека нашата библиотека располага со голем фонд на книги тие можат да се поврзат и оживеат со другите уметности, како што е театарот.

По тој повод во нашата библиотека денес се одржа активност со драматизирање на текстови пишувани од учениците од ООУ „Стив Наумов“ – Битола, кои не учат на другарство и различности. Тие се најмоќното средство преку кое децата учат што е добро, а што е лошо. На уникатен начин допревме до нив со силни пораки за пријателство, прифаќање на различностите и значењето на заедништвото. Преку драматизација и уживање, приказните стануваат мост кон еден подобар свет. Голема благодарност до учениците од ООУ „Стив Наумов“ – Битола, наставничката Јасмина Гочевска, заменичката директорка на истото училиште Марина Јанеска и до Биљана Крајчевска – драматург, едукатор во школата на Софија Ристевска Петрушева – фабрика за мечти и сценарист на „Пет плус фамилија“.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook