НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола организираа прекрасен перформанс на мјузиклот Мамма Миа! во изведба на учениците од деветто одделение од ова училиште под менторство на психологот Жанета Ристевска.

Пред присутните гости и родители, учениците направија прекрасен перформанс на едни од најубавите песни на групата АБА, а се дел од филмот МАММА МИА!

Разиграни, распеани ги испративме деветто одделениците посакувајќи им најубави желби во иднина и да продолжат секогаш да се ведри, насмеани и полни со креативност.

Голема благодарност до менторот Жанета Ристевска и до групата „Фушарски глумци“ за овој прекрасен настан.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook