Во магијата на новогодишните празници, кога сите желби стануваат реалност, нашата библиотека другаруваше со учениците од прво одделение од ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Битола.

Нивната среќа и смеа ги исполни сите простории во библиотеката, заедно уживавме додека ги украсувавме новогодишните елки, додека боевме новогодишни лампиони, заедно пеевме и другарувавме.

Учениците имаа можност да ја слушнат волшебната приказна за „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски во која секоја желба станува реалност.

Благодарност до наставничките Лидија Поповска и Катерина Шеровска-Томовски за денешната активност и за секое поклонето лампионче.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook