На ден 05.02.2024 година во простoриите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола се одржа предавање на тема „Инспирирајќи надеж, славејќи ја силата на светскиот ден за борба против ракот“ предавач беше д-р сци Маја Аврамовска, спец гинеколог акушер

Светскиoт ден за борба против ракот е единствена иницијатива која го обединува целиот свет со една цел – борба против глобалната епидемија на рак.

Овој ден е потсетник дека борбата со ракот не е само здравствен проблем, туку глобално значајно прашање на рамноправност. Секој 4 февруари се обележува со цел да се спасат милиони животи преку подигање на свеста за ракот, поттикнување превенција, рано откривање и соодветен третман, но и мотивирање на владините субјекти и индивидуалците ширум светот да превземат акција во борбата против ракот.

Светскиот ден за борба против ракот бил основан од Унијата за меѓународната контрола на ракот (UICC) за да ги поддржи целите на Светската Декларација за ракот, од 2008 година. Примарната цел на Светскиот ден за борба против ракот е значително да ги намали случаите на рак и смртни случаи предизвикани од ракот како и подобрување на квалитетот на живот за заболените од рак и зголемување на бројот на преживеани пациенти.

И благодариме на нашата д-р спeц. Маја Аврамовска, специјалист гинеколог акушер за прифаќањето на поканата да биде дел од денешниот настан.

Упатуваме голема благодарност до средното економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“ и директорката Биљана Јанкуловска за учеството на предавањето, училиштето покажува одговорност и грижа за здравјето на своите ученици, а учеството на превентивни предавања е ефикасен начин за исполнување на оваа должност.

Библиотеките често се гледаат како центри на заедницата и играат клучна улога во целокупната благосостојба на заедницата. Здравата заедница е просперитетна заедница, а библиотеките придонесуваат за тоа преку промовирање на различни аспекти на благосостојбата, вклучително и физичкото и менталното здравје.

СОЕУ „Јане Сандански“

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook