Денес со големо задоволство се дружевме со првачињата од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на кои им поделивме ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека и им посакавме среќен и успешен почеток на учебната година.

Кампањата има за цел да ги запознае децата со светот на книгите од најрана возраст. Во почетокот, наставниците и родителите ќе им читаат, а многу скоро, тие самите ќе ги откријат магиите на првите сликовници.

Голема благодарност до директорот Предраг Созовски за можноста да бидеме дел од првите училишни денови и да внесеме радост кај најмалите ученици. Ова е значаен чекор кон поттикнување на љубовта кон читањето и образованието, а нашата библиотека со нетрпение ги очекува новите мали читатели да го истражуваат волшебниот свет на книгите.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook