НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со невладината организација „ДОГМА“ започна со реализирање на проектот „Вечери на креативноста“, одобрен од Министерство за култура на Република Северна Македонија. Првата вечер – Вечер на стрипот „Биди и ти стрип мајстор“, ја реализира професорот Миле Атанасоски, како стрип мајстор, кој на учениците од I, II и III година од насоката Графички уредници – дизајнери при СОУ „Таки Даскало“ – Битола им покажа основни насоки за изработување на стрип и им помогна во изработка на нивниот прв стрип. Овие ученици покажаа дека навистина се талентирани за цртање. Нивните стрип цртежи ќе бидат изложени во холот на библиотеката.