„Јас имам многу цвеќиња но најубави цвеќиња се децата“ – рекол Оскар Вајлд.
Генералното собрание на ОН на 20 Ноември 1959 година ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, која нашата држава ја ратификуваше во 1993-тата.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето реализираше активности во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, ДГ „Снегулка“ каде преку книгата заедно другарувавме со најмилите – децата од оваа градинка, читајќи им прекрасни приказни кои потоа ги драматизираа и уживаа во нивната илустрација.
И не само овој ден, туку и секој нареден, нека биде ден посветен на нашите деца.
„Дајте му на детето насмевка, тоа ќе ви ја даде душата.“ – Доситеј Обрадовиќ.
Голема благодарност до Весна Филиповска – воспитувач, Елизабета Кузмановска – детска негувателка и до директорката на градинката Весна Лозановска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook