Денеска директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски и директорката на ЈОУДГ „Мајски Цвет” – Битола Кристина Лајмановска потпишаа меморандум за соработка.

Целта на меморандумот е да се воспостави кооперативен однос помеѓу градинката и библиотеката со цел да се промовира писменоста, образованието и соработката на релација родители, градинка и библиотеката како и да се опфати развојот на првите пет години од животот кој се најважни во развојот на децата.

Библиотеката ќе обезбеди бесплатно членство на сите деца од 0-6 години, книги и други материјали за читање соодветни на возраста за учениците од градинката да ги позајмат и да уживаат во самата установа.

Исто така Библиотеката ќе нуди периодични сесии за читање на приказни во градинката за промовирање на читањето и писменоста.

Градинката ќе ги поттикне учениците и нивните семејства да го користат бесплатното членство од библиотеката и да ги користат ресурсите на библиотеката.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook