Денес како гости во нашата библиотека беа учениците од четврто и петто одделение од ООУ„Крсте Петков Мисирков“- с. Бистрица заедно со наставничките: Виолета Ацковска, Ленче Фидановска и Наташа Сипкоска Тодоровска кои имаа можност да се запознаат со нашата библиотека.

Тие беа пресреќни што се запознаа со магацинот од детскиот оддел и со цела литература што ја поседува овој магацин како енциклопедии од различни области и детска литература од писатели и поети од цел свет.

Им беше кажано дека библиотеката е изградена во 1945 година и располага со околу 600 000 книги, поточно литература од различни области и на различни јазици. Ја посетија и музејската поставка, каде се запознаа со начинот на пишувањето од првите ракописи па се до денешното современо пишување.

Се запознаа и со делот на роднокрајна литература и разговаравме за роднокрајните писатели и нивните дела.

Разговаравме и го посетивме одделот Периодика каде разгледаа дел од списанијата, весниците и се што може да се најде во нив и зошто така се нарекуваат.

Се разговараше и за денешната Cobis програма и како може да се пребарува на неа.

Потоа реализиравме активност во која со децата разговаравме за придобивките од гласното читање.

Голема блаодарност до наставничките и до учениците кои изразија желба за скоро да станат членови на нашата библиотека, а некои веќе се и членови во неа.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook