Денес нашата библиотека ја посетија учениците од второ одделение од ООУ „Елпида Караманди“ со наставничките Фанче Јошевска, Лилјана Јошевска и Гордана Угриновска.

Библиотекарите од нашата библиотека на учениците им ги претставија одделите, магацините со книги, музејот и целокупната работа на библиотеката и како тие можат да се зачленат за да изнајмуваат книги.

Детскиот џагор и неизмерната љубопитност ја прават весела нашата библиотека.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

Објавено од: Слободан Пачовски
1 Jun, 2023