Австриската библиотека и Почесниот конзулат на Република Австрија во Република Македонија беа посетени од студентите од 4. година од студиската програма по германски јазики книжевност при Државниот универзитет во Тетово со нивните професори и шеф на катедра. Гостите ги поздрави в.д. директорот м-р Јелена Петровска и ги запозна со структурата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ и Австриската библиотека во Битола. Австрискиот лектор Лазим Ахмеди заедно со неговите студенти подготви литературно читање на избрани текстови и истите и беа презентирани на Почесниот конзул на Република Австрија и раководител на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева.