Ве покануваме на промоција на збирките поезија од Илче Стојановски!

Ќе имате можност да ги слушнете поетските зборови од збирките:

Сонце во сонот

Вознесение на зборот

Тајната на тишината

Што ни носи денот

Поетско-музички рецитал ќе изведе Николина Поповска, а ќе учествуваат и Ерзинчан Алилоска, Марија Наумовска и Марјан Тасевски. Настанот ќе биде збогатен со музичка придружба од Владко Симоновски.

31 октомври (четврток) – 18:00 часот

Сала за промоции (приземје), НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Доаѓајте да го почувствуваме светот на поезијата преку зборовите на Илче Стојановски!

Ве очекуваме!