И оваа учебна година НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја продолжува кампањата за доделување на Ваучери за едногодишна бесплатна членарина за сите ученици од прво одделение во основните училишта во Битола.

Во рамките на оваа кампања денес имавме можност да се дружиме со првачињата од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на кои им поделивме ваучери за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека и им посакавме среќна и успешна учебна година.

Нивните насмеани лица, озарени очиња и кренати рачиња со поделените ваучери зборуваа колку се тие среќни, исполнети, но и желни за знаење, нагласувајќи дека со посета на нашата библиотека би го прошириле своето знаење.

Голема благодарност до директорот Предраг Созовски што ни дозволи да бидиме дел од првите училишни денови и да ги израдуваме учениците од прво одделение.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook