Читањето не е само добра забава. Секојдневното читање може да ве направи попаметни и порелаксирани луѓе. А позитивните ефекти може да се почувствуваат на било која возраст: дури и пред целосно да ги развијат вештините за читање, децата може да имаат корист од пристапот до книгите доколку родителите редовно им читаат.
Кога родителите им читаат на глас на своите деца, тие можат да ги пренесат придобивките од читањето и да поттикнат значајни интеракции. Истото се случува и со врсничкото читање. За да ги искористат позитивните ефекти од читањето, учениците треба да се држат до книгата.
Денес другарувавме со книгата и со прекрасните приказни кои ги има во неа со учениците од прво одделение од ООУ „Д-р Трифун Пановски“ од Битола, со цел јакнење и развивање на индивидуалните чувства и доживувања во однос на дадената содржина.
Со оваа активност направивме „Подвижен мост” помеѓу читањето на глас и разговорот за прочитаното.
Секој треба да чита, а бенефитите од читањето се согледуваат низ годините што доаѓаат.
Разговаравме и за бесплатните ваучери кои ги добија учениците и за нивно што поскоро искористување, а со тоа и можноста да се запознаат со се што има во нашата библиотека.
Благодарност до наставничката Лидија Чавдаровска, а посебно до директорката на училиштето Лилјана Николовска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook