Драги читатели,

Вие сте срцето на нашата заедница, допринесувајќи со вашата страст кон знаењето и вљубеност во книгите. Затоа, дозволете ни да ви покажеме како може да ги зголемиме вашите литературни богатства.

Ве покануваме да се вклучите во нашата иницијатива „Подари книга, понеси книга“. Вашите подарени книги ќе бидат добредојдени во нашето отворено катче кое е наменето за вас читателите.

Дали станува збор за вашите омилените дела кои сакате да ги споделите со други или нови наслови кои сметате дека би биле искуство за читателите, вашиот придонес е од суштинско значење.

Постапката е едноставна: донесете ги вашите книги кои сакате да ги подарите на читателите и оставете ги во обележаното место во холот на Библиотеката.. Нашите читатели ќе ви бидат благодарни за Вашата љубезност.

Благодариме што сте дел од нашата Библиотека, Ви благодариме и за вашата посветеност кон книгите. Ја цениме Вашата поддршка и вашата љубов кон читањето со другите.

Ве молиме книгите да бидат во добра состојба.