Погоди кој лик сум! – Креативна работилница со учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола

Денеска не посетија учениците од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола!

Во нашата библиотека реализиравме креативна и весела работилница „Погоди кој лик сум“ – лесна верзија за помали деца.

Децата со насмевки погодуваа познати ликови од бајките – од Пепелашка, Пинокио, Црвенкапа и Волкот, Мечето Пух, Алиса, Петар Пан, Снежана, Гарфилд, Мики Маус, Ариел, Думбо, Симба, Бел и Хари Потер.

Со помош на подготвени картички и кратки описи, ги водевме децата низ играта, а потоа најкреативниот дел – изработија маркери инспирирани од ликовите!

На крајот, библиотеката им подари две книги: една од градинката „Мали Генијалци“ и детската книга „Бушава азбука“ во издание на Види вака раскажувачко студио.

Децата ја разгледаа библиотеката, поставуваа прашања и со радост ја откриваа магијата на книгите.

Голема благодарност до директорката Гордана Јоначиќ и наставничките од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола за соработката, поддршката и прекрасната енергија што ја донесоа со своите ученици.

9.10.2025 година

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook