Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола вчера се одржа средба со д-р Жарко Костиќ – мотивационен говорник од Скопје.
Поради големиот интерес за следење на предавањето гостинот од Скопје на тема “Како да го вратиме оптимизмот за животот? Како да бидеме мотивирани да размислуваме позитивно?“ настанот се одвиваше во двете сали.
Д-р Костиќ зборуваше во живо во новата сала за промоции, а во другата сала за промоции присутните го следеа преку видео-бим.
-Изминативе неколку години поминуваме низ турбулентен период, кој е стресен за многумина. Периодот за време на короната, посковид периодот, економските кризи, поскапувања, војни во светот, се само дел од причините кои свесно или несвесно влијаеја на секој од нас. Но за да не биде се така црно или сиво, мораме да најдеме начин да го вратиме оптимизмот за животот, нашите мисли да бидат позитивни и секој ден да го почнуваме со убава насмевка на нашето лице, ќе каже д-р Костиќ.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook