Ве очекуваме на денешната работилница на тема: „Плетење за спокојни умови“ во 17 часот.
Позитивните ефекти по здравјето од плетењето се проучувани долго време. Многу истражувачи велат дека плетењето е новиот умствен спокој. Ритмичкото движење на плетењето како и хеклањето е битно и често се споредува со спокојната свест, внимателноста.
Токму затоа денеска во Битолската Библиотека, со почеток во 17 часот ќе се одржи работилница за подобрување на менталното здравје на тема “Плетење за спокојни умови“ во соработка со ЗУР Македонски ракотворби.
Внимателноста е ефикасен лек за стрес. Не е ни чудо што е откриено дека плетењето и хеклањето исто така го ублажуваат стресот, болката, па дури и депресијата. Во исто време, плетењето нуди добредојдена пауза за оние кои се борат со огромна поплава од информации и постојано брзање. Тоа учи на трпение.
Некои застапници на плетењето дури го нарекуваат и нова јога. И двете се древни вештини кои придонесуваат кај лицата кои ова го практикуваат да забават и да престанат да размислуваат за сегашниот момент. Го ставаат мозокот во медитативен режим. Плетењето е хоби кое ги забавува жените низ целиот свет, а неврологијата признала дека оваа активност е како јога за вашиот мозок.
Во едно истражување во кое учествувале повеќе од 4.000 плетачи од целиот свет, се докажало дека за време на плетењето често настанува забавување на срцето. Релаксацијата и ослободувањето од стресот се само некои од придобивките од ова хоби.
Придобивките од плетењето не можат ни да се споредат со другите слични активности. Многумина веруваат дека токму плетењето им помага на постарите жени да останат присебни и да продолжат со животот. Можно е дури да се ослободите и од вашата депресија со ова хоби.