Незаборавна новогодишна приказна во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Во празничната атмосфера на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, вчера се одржа незаборавен настан за најмладите. Познатата битолска актерка Соња Михајлова беше дел од магијата, читајќи ја приказната „Писмото од Дедо Мраз за белата мечка“ – дел од згодите и незгодите со Дедо Мраз.

Децата беа одушевени од мајсторството на актерката, која успеа да ја пренесе топлината и пораката на приказната на еден уникатен начин. Атмосферата беше исполнета со смеа, љубопитни погледи и радост.

На крајот од настанот, децата на вработените библиотекари добија новогодишни пакетчиња како изненадување, што донесе уште повеќе среќа и насмевки.

Овој настан е уште еден доказ за тоа како библиотеките можат да бидат центар на култура, радост и заедништво, особено во овој празничен период.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook