Денес, во прекрасна атмосфера, исполнета со емоции и искрени зборови, се одржа завршниот настан од литературниот конкурс „Писмо до најважната жена во мојот живот“ во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Учесниците со голема љубов и креативност ги преточија своите чувства во писма посветени на жените кои оставиле најсилен белег во нивниот живот – мајки, баби, наставнички, сестри… Секој ред беше исполнет со љубов, благодарност и инспирација.
По внимателно разгледување на сите пристигнати писма, жирито ги избра најдобрите, кои денес беа јавно претставени и наградени!
Честитки за сите учесници! Вашите зборови ја исполнија библиотеката со топлина и значење. Сите писма ќе бидат изложени во библиотеката и објавени на нашата официјална страница.
Благодарност до сите ученици, наставници и љубители на пишаниот збор кои го поддржаа овој конкурс и ја споделија својата емоција со нас.
Организатори:

  • Национална универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
  • ОУ „Даме Груев“ – Битола

Продолжуваме да ја славиме љубовта, почитта и убавината на зборот!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook