Во рамките на реализацијата на проектите поддржани од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа Петтиот стручен собир на факултетските библиотеки на тема:
„Место и улога на факултетскиот библиотекар во системот на високото образование – Стручни звања на факултетските библиотеки во системот на високото образование“.
Собирот го отвори директорката на библиотеката, м-р Емилија Стафановска Давкова, која во своето обраќање ја истакна важноста на професионалниот развој на библиотекарите и континуираното унапредување на нивната улога во високото образование.
Со свои презентации се претставија:
Ирена Колевска – библиотекар,
Марија Марковска – библиотекар,
Милка Котевска – виш библиотекар,
Фатма Бајрам Аземовска – библиотекар советник.
Во своите излагања тие ја поттикнаа дискусијата за можноста за стекнување на стручни звања (виш библиотекар и библиотекар советник) и го отворија прашањето за нивното вреднување во системот на високото образование.
Присутните учесници активно се вклучија во дискусијата, имаа можност да ги евалуираат предавачите и на крајот добија сертификати за учество.
Координатори на проектот:
Ирена Колевска – библиотекар
Марија Марковска – библиотекар.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook