Оливера Николова (1936–2024): 90 години од нејзиното раѓање
НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола го чествува јубилејот 90 години од раѓањето на писателката Оливера Николова, која е една од најзначајните и најчитани македонски писателки. Нејзината книжевна оставнина трајно го обележа културниот простор на нашата држава. Родена на 11 март 1936 година во Скопје, таа повеќе од шест децении создаваше дела за деца и возрасни, со кои ја збогати современата македонска проза.
По повод 90 години од нејзиното раѓање, ја славиме нејзината книжевна големина, човечка благородност и трајното влијание врз културната меморија. Изложбата содржи книги кои сведочат за еден живот исполнет со зборови, идеи и инспирација.
Оливера Николова беше скромна и достоинствена, но со огромна книжевна моќ. Нејзиниот живот беше целосно посветен на уметноста на јазикот и литературата. Со своите дела таа отвори нови хоризонти, внесувајќи свежина и длабочина во македонската книжевност.
Вечна слава!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook